Солскјер: Требаше да победиме со поголема разлика

Победа во дербито со градскиот ривал Манчестер Сити (2:1) во рамките од ангиската фудбалска премиерлигашка конкуренција му донесе многу радост на Оле Гунар Солскјер, тренерот на Јунајтед, кој е критикуван постојано уште од почетокот на сезоната. Сепак, Манчестер јунајтед уште еднаш покажа дека се силни против екипите во врвот на пласманот. Според норвешкиот стратег, неговиот тим дури и заслужил да победи поубедливо.

– Ќе го паметиме овој натпревар. Бевме опасни кога ја поседувавме топката и тргнувавме напред против можеби најсилниот тим на светот. Сити е навистина одличен тим. Не е лесно да се постигне таков резултат и да се браниш против нив толку добро, како што направивме ние. Требаше да победиме со два, три, па дури и четири гола разлика, но нивниот голман беше брилијантен, рече Солскјер.

Со 24 поени, Јунајтед сега се наоѓа на петтото место на табелата „Црвените ѓаволи” веќе го поразија вториот Лестер, третиот Манчестер сити, четвртиот Челзи и шестиот Тотенхем, а покрај тоа, тие се единствените кои не загубија од лидерот Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави