Аброр Азимов е прогласен за виновен за терористичкиот напад на 3 април 2017 година, кога експлодираше бомба во метрото во Санкт Петербург и е осуден на доживотен затвор, пресуди денеска Вториот воен суд на Западниот округ.
„Аброр Азимов е осуден на доживотен затвор“, рече судијата Андреј Морозов, пренесува ТАСС.
Судот, исто така, осуди уште десет лица на казна меѓу 19 и 28 години затвор за нападот, објави „Интерфакс“.
Сите 11 осомничени се изјаснија за невини.
Во терористичкиот напад во 2017 година во Санкт Петербург загинаа 15 лица.