Брестовац со 19 ракометари ќе ги почне подготовките за ЕП

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац ќе ги почне подготвките со 19 ракометари, главно од домашната сцена. Проверените македонски  интернационалци поради клупските обврски ќе се стават на располагање на 2 јануари.

Ракометарите кои се најдоа на списокот од селекторот Брестовац ги очекуваат шест контролни натпревари низ кои ќе се докажуваат за да си обезбедат место во експедицијата која ќе патува на ЕП. Македонија на ЕП-2020 на почетокот од јануари ќе игра во група во Виена.

Македонската репрезенатција најпрво ќе има два теста во Србија со селекцијата на Кувајт на 25 и 26 декември, а потоа ќе продожи за Романија каде ја очекува настапот на „Трофеј Карпати“ од 26 до 29 декември со селекциите Романија, Алжир и Холандија.

По враќањето од Романија и комплетирањето на тимот со интеранционалците, македонската експедиција веднаш заминува за Словенија каде ќе ја одработи последната фаза од подготовките пред ЕП 2020 и ќе има тест со домаќинот.

 

Треба да знаете
Последни објави