Ана Камчева пристигна во судот каде денес треба да сведочи за Рекет. Орце Камчевј пак сведочеше на минатото рочиште. Според неговото сведочење, случајот „Империја“ бил конструиран со цел да му се изнудат пари, односно да се изврши „рекет“ врз него. Како режисери на случајот Камчев ги посочи Катица Јанева и Бојан Јовановски. Изнудувањето започнало преку барање пари за реклами, за отворање трговски центри, за старечки домови, па сè до изнудувања во врска со определувањето притвор.