Најдобриот македонски фудбалски интернационалец Горан Пандев, во наредните две кола од италјанската Серија А ќе ги пропушти натпреварите за својот тим Џенова против градскиот ривал Сампдорија и некогашниот свој поранешен тим со кого ја покори Европа и светот Интер, поради казната која ја заработи за исклучувањето изминатиов викенд со Лече.
Вака одлучија дисциплинците во Серија А, кои на македонскиот капитен на репрезентацијата му одредија и парична казна од 12.000 евра.
Пандев на дуелот со Лече се запиша во листата на стрелеците, изнуди пенал и на крајот доби црвен картон.