Пејчката на групата „Роксет“, Мари Фредриксон почина на 61 година, потврди нејзиниот менаџер. Шведската музичка ѕвезда постигна глобален успех во 90-те години со нејзините хитови, како што се „ Д Лук“ и „Ит Муст Хев Бин Лав“.
Таа починала вчера по 17-годишната битка со ракот, се наведува во соопштението.
„Беше прекрасна пријателка изминатите 40 години. Работите никогаш нема да бидат исти“ порача нејзиниот пријател од бендот, Пер Гесл.