Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата ја евакуирала полицијата, а се трага по напаѓачот, кој е во бегство.
На местото на инцидентот пристигна и специјална полиција. Претходно полицијата соопшти дека четворица луѓе се убиеби а двајца тешко ранети, но бројот на мртвите порасна на шест.
Policisté přijali oznámení o střelbě v nemocnici v Ostravě Porubě. Na místě nyní policisté zasahuji. Proběhla evakuce osob. pic.twitter.com/VrDDjii6Qp
— Policie ČR (@PolicieCZ) December 10, 2019
„Полициската интервенција се уште е во тек. За жал, во нападот убиени се повеќе луѓе. Нема да коментирам детали. Полицијата работи се што може за да ја реши оваа ситуација“ рекол чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамацек.