29-годишната Стејси Овен уживала на својата свадба, кога во еден момент се случил скандал.
Во салата од селскиот хотел каде се одржувала прославата, влетала жена во венчаница и викала: „ Запрете ја свадбата, тоа требаше да бидам јас“. На снимката се гледа како со букет цвеќе го удира младоженецот по глава, додека новопечениот пар се обидува да танцува.
Стејси прво помислила дека тоа е некоја„луда“ поранешна девојка на нејзиниот сопруг, но станувало збор за комичарката Џануари Рис која била ангажирана од нејзината кума Џеки Левис.
После првиобитниот шок сите почнале да се смеат, особено невестата.