Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Вашингтон ќе се сретне со министериот за надворешни работи на Руската федерација, Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот.
Помпео најавува дека теми на разговорот ќе бидат билатералните односи, контролата во воооружувањето, како и ситуацијата во Сирија и Украина.
Нема информации за можен состанок на Лавров со американскиот претседател Доналд Трамоп, пренесува Тасс.
Последен пат Лавров бил на официјална средба во Вашингтон во 2017 година, кога се сретна со Трамп.