Имплементирањето на мерките предвидени во Изборната програма од 2016-та година и бенефитите што ги добиваат најранливите категории на граѓани и граѓанки покажува дека навистина сме на прав пат!
Со реформата во социјалната заштита воспоставивме систем за социјална заштита на семејствата што живеат во сиромаштија и воведовме начин за извлекување од сиромаштијата.
Го олеснивме пристапот до детскиот додаток, но и ја зголемивме сумата што по овој основ ја добива едно семејство. Воведовме и нови додатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца од домаќинства со ниски примања.
Од воспоставувањето на оваа реформа во мај 2019та година, детскиот додаток им се исплаќа на 27.130 деца, а образовниот на 8.678 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно.
До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно. Сето ова го правиме за да ја намалиме детската сиромаштија и да им го вратиме достоинствениот живот на луѓето, преку поддршка при вработување и нивно вклучување на пазарот на труд.
Веќе за 2020та година предвидени се 600 милиони денари за исплата на детски додаток, а 672 милиони денари за образовен додаток.Почитувани,Грижата за нашите сограѓани и сограѓанки кои живеат во сиромаштија е приоритет на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Градиме општество кое отвора еднакви шанси за сите.На прав пат сме!