Најстудено утрово, -4 степени, е во Берово, а максимални осум степени се измерени во Дојран.
Како што информира УХМР, -1 е во Крива Паланка, 0 во Виница, 1 во Тетово, Струмица, Маврово и Лазарополе, 2 во Штип и Крушево, 3 во Битола и Прилеп, 4 во Скопје и Куманово, како и 5 степени во Охрид, Претор, Демир Капија, Гевгелија и Дебар.
Преку ноќта беше претежно облачно, само во крајните источни делови имаше мала облачност. Во Полошката и Струмичката котлина, како и во местата над 800 метри надморска висина имаше појава на магла. Врнежите од дожд почнаа најпрво во југозападниот дел од земјата, а во раните утрински часови се проширија во западните делови. Слаб дожд утрово има и во Скопската котлина. Изминатите 24 часа најмногу, четири литри на метар квадратен, наврнаа во Охрид и Дебар, два во Лазарополе, Претор и Крушево, а еден литар воден талог се изменрени во Маврово.
Во текот на денот ќе бде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, особено попладне и во текот на ноќта, кога врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено во вечерните часови. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.