Жител на Загреб е тешко повреден, откако автомобилот во кој се возел пропаднал воо дупка, која наеднаш се отворил во една од населбите во глвниот град на Хрватска. За среќа, возилото не пропаднало целосно во дупката, а возачот, сепак, завршил во болница.
Инцидентот се случил околи 17 часот на улицата Чучерска, а дупката е со длабочина од околу 180 сантиметри и ширина од 250 х 350 сантиметри.
Засега не е позната причината за уривање на улицата.