Од ФРОДЕМ – Фронт за демократска Македонија реагираа на денешното рочиште за случајот Рекет, а соопштението го објавуваме интегрално.
„По денешното рочиште на случајот ..Рекет” од однесување на судијката и обвинителката за организиран криминал при испитувањето на сведоците и обвинетите станува се појасно дека целата постапка ќе заврши со пресуди само за Боки 13 и Катица Јанева. Станува се поочигледно дека надлежниот обвинител сé уште нема намера да ја прошири истрагата и да обвини други лица кои директно или индиректно учествувале во аферата ,,Рекет”. А оваа афера е само капка во морето наречено ,,Македонско дабл постранзициско политичко-судско миље”.
Ова пасивно однесување и очигледно засега селективен пристап во целиот случај дава сериозен сомнеж дека надлежното обвинителство нема намера да ја истера правдата и вистината до крај и дека сé ќе се сведе на судска пародија.
Истовремено овој случај ја покажува и гнилосата на целокупниот правосуден систем поради вкоренетата и втемелена политичко-бизнис наместо професионална и законита и уставна ориентираност на индивидуи инволвирани во процесот. Поради личното директно или индиректно замешеталството и лукративни цели на поединци од обвинителствата, судството, адвокатурата и политиката се повеќе се доразградува и онака разградениот правосуден систем и докрај се рушат идеалите за вистина и правда.
Сијамските близнаци (власта и опозиција) позади сцената со широко насмеани усти ги тријат рацете бидејки се оди според планот и зацртаното сценарио. Важно е некој од нив повторно ќе биде на власт по изборите во април наредната година и ќе продолжи таму каде што застана близнакот кој досега беше на власт. Тоа што народот се повеќе останува со подзината уста и со сé попразен стомак, а системот е до ,,коска” руниран и не е така битно прашање, затоа што најважна е забавата за широките народни маси посебно кога по толку време во главниот град се репризира (по којзнае кој пат) политичко-судискиот циркус.
А додека се трае оваа реприза на циркуската претстава најважно е судиите и понатаму да дозволуваат да застаруваат кривичните дела, обвинителите малку потајно да рекетираат и да соработуваат со обвинетите, адвокатите и судии да си ги зацврстат меѓусебите односи и спреги доколку ги запоставиле или им попуштиле во меѓувреме, а амнестираните пратеници да го надополнат сопственото чекмече. Министрите слободно можат да продолжат со истото темпо бидејќи и така никој нив не ги гони за ништо.
ФРОДЕМ јавно му порачува на француски претседател Емануел Макрон да не се инаети повеќе и мирно да спие бидејќи ,,реформите” се во полн ек. Во Република Македонија тече мед и млеко за сите оние кои го поддржуваат и кои се дел од ,,Македонското дабл постранзициско политичко-судско миље”.
Затоа господине претседателе Макрон морате веднаш да не примите во Европа вакви какви што сме, бидејќи за никаде сме.