Чилеанскиот воен транспортен авион, со 38 патници и членови на екипажот исчезна од радарот додека беше на лет на Антарктикот.
Како што пренесе „Раша Тудеј“, воената база изгубила контакт со авионот „Ц-130 Херкулес“ синоќа.
Судбината на членовите на екипажот и патниците засега е непозната.
Авионот се упатил кон базата на Антарктикот, а контактот бил изгубен еден час по полетувањето. Властите соопштија дека неколку часа подоцна не биле оптимисти. Армијата претходно започна операција за потрага и спасување.
Чилеанскиот претседател Себастијан Пинира објави на „Твитер“ дека ја следи состојбата со министрите за одбрана и внатрешни работи во седиштето на воздухопловните сили, пренесува „АП“.
Воздухопловните сили објавија дека немале контакт со авионот повеќе од седум часа и дека леталото најверојатно останало без гориво.