Ана Камчева сведочеше за Рекет, Боки повраќаше

Со сведочење на сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева продолжи судењето за Рекет.

Таа објасни кога за прв пат и како почнале средбите со обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Ме викна сопругот доле, таму беше Кичеец кој ни каже дека утре во 6 ќе ни прават претрес  и така беше, рече Ана Камчева и Мирјана Бошковска

Се сеќавам на непристојното однесување на спец обвинителка Лиле Стефанова кон адвокатот Антонио Апостолски на ништо не ми можеш моќта е кај мене  треба да знаеш кога да ја искористиш. На друг бранител во Империја му рече да се тргне од случајот, не знам од кои причини. Катица Јанева прв пат ја видов во Кривичен суд. По неколку дена ми се јави Кичеец кој ми закажа средба со адвокат  васил Димишков, во стан за средби со специјални клиенти. Димишков ми рече дека претходно се сретнал со Јордан и му рекол што ќе се случи. Објасни дека истражната судијка Весна Димишкова, негова сестра  која е во добри односи со Јанева. Бидејќи Јордан бил на насловната страна на Форбс како најбогат Македонец и решив да му помогнам за 2 4 8 милиони евра  за поблаги мерки. Дел од осрите е за да се пензионира сестра ми оти ова е посебен случај. Плачев  а  Кичеец рече наредниот ден цената е 6 милиони евра. На 15ноември Кичеец ми се јави вознемирен и бараше итна средба Боки бил многу вознемирен за текстот во Сведок дека синот на Катица  Лазар е вработен во ТВ1. Боки ми рече по телефон на Кичеец дека не е во ред текстот и да средам да го снема текстот оти не е добро за обвинителкста. Тогаш прв пат сфатив колку се блиски тие тројца.  Бојан рече кога ќе се врати од пат ќе се видиме  што се случи во канцеларијата на Боки во телевизијата. Таму беше и Лазар Јанев кого ми го претстави па ми рече дека му предложил два проекти на Јордан- Старачки дом и шопинг мол каде директор би бил Јанев, но сопругот го одбил. Поради тоа е таму каде што е и му се случили тоа што се случило. Бев шокирана од спознанието за близината меѓу Катица и Боки  секогаш ја пушташе на спикерфон а таа му даваше напаствија. Секигаш имаше детали за истрагата. По неколку средби ми побара 500.000 евра а Јанева по спикерфон давсше инструкции кои адвокати да бидат ангажирани. Александар Наумивски го предложи да доаша во СЈО  а јас како бранител не сум била подобна оти би привлекла медиумско внимсние. Дури ни адвојат Апостолски не беше пожелен во СЈО,  рече Камчева.

Нејзиното сведочење го прекина Обвинетиот Боки 13 кој мораше да биде изнесен од судница за да повраќа.

Таа се консултирала со Орце кој и рекол да плати оти им било јасно дека немаат предмет туку проблем.

Пред истек на притворот, поднесовме гаранција од 14 милиони евра но беше одбиена, а му беше продолжен притворот. Парите ги извади книговодителката Мими од нашите сметки 350.000 евра а остатокот Кичеец. Парите ги донесе мајката на Орце во несесер. Со кичеец отидовме во Орман кај Боки дома, а таму беше Сергеј Варошлија. Кичеец уште ги немаше донесено парите, А Боки се насмеа на несесерот. Тогаш Боки рече ќе и каже на Катица со која се видовме наредниот пат кај Боки. Таа беше таму кога дојдов, се поздравивме, зборевме за децата, за мајчинството и рече дека му е благодарна на Боки што го вработил оти во спротивно ќе одел да работи на брод. Се потсетија до Микевски со кога се имале сретнато на свадба кога уште сопругот нејзин бил жив а Кичеец работел во Царина значи се познавале од поодамна. Таа рече дека ако излезе муабетот ќе знае дека сум јас одговорна, а она се закани дека може да отвори многу предмети за него.Тогаш почнавме да разговараме за ослободувањето од притвор. Таа рече дека гаранцијата со имот не е валидна оти имско кирија  но таа беше чиста. На крајот рече дека нема ни потреба од гаранција па Орце излезе без гаранција како што кажа Јанева.

Не бев дома кога Орце им ги даде милионот, тоа го видов на снимките кога ми ги покажа. Не присуствував на дите, но еднаш Боки дојде нервозен и лут бидејќи разговарал Орце со Цветан Панделевски за ослободувањето, а Боки 13 рече дека не смеат да разговараат и дека тоа се посебни работи.

 

Треба да знаете
Последни објави