Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти пред натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите против Генк, истакна дека тимот е загрижен поради лошата резултатска серија.
„Наполитанците” на девет средби по ред немаат победа.
– Тимот е загрижен за тоа што се случува. Ова е психолошки момент кој мора да го надминеме. На натпреварот во Лигата на шампионите против Ливерпул беше полесен, бидејќи притисокот не беше толку силен. Нашиот психолошки фактор многу влијае на нашата игра, истакна Анчелоти.
Средбата Наполи – Генк се игра вечер од 18:55 часот. Со победа Наполи ќе обезбеди место во плејофот на Лигата на шампионите.