– Увозните цени на горивата во октомври годинава се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво и за 15,7 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на моторниот бензин во октомври годинава е за 2,9 отсто пониска во спроредба со претходниот месец, а за 17,4 отсто повисока во однос на декември 2018 година.
Цената, пак, на дизелот е за 1,2 отсто пониска во споредба со септември 2019 година, а за 9,7 отсто повисока во споредба со минатогодишниот декември. Кај керозинот има зголемување од 4,3 отсто во однос на претходниот месец и за 6,3 во споредба со декември лани. Цената на авто плинот во октомври годинава е за 6,6 отсто повисока во споредба со септември годинава, а за 5,7 отсто пониска во однос на декември 2018 година.