Непознати лица јавиле дека се „минирани” 25 московски метро станици, изјавил извор од полицијата за локалните медиуми.
Вчера слични закани добила 22 објекти во кои има многу луѓе: шест трговски центри, 13 училишта, два суда и Катедралата Христос Спасител.
Метрото работи нормално, но се вршат проверки. Изворот на руските медиуми не прецизирал на кои линии на метрото се наоѓаат „минираните” станици.
Бранот „тероризам” во Москва и Санкт Петербург трае веќе втора недела. Речиси секој ден различни објекти добиваат писма со иста содржина – со тврдења дека во зградата е поставен експлозив.
Специјалните служби досега никаде не откриле опасни материи.