Премиерот на Етиопија ја доби Нобеловата награда за мир

На премиерот на Етиопија, Абиџ Ахмед, денеска во Осло му беше врачена Нобеловата награда за мир. Тој се заложи за единство и помирување, изјавувајќи дека ние и тие не постојат.

Ахмед (43) е награден за помирувањето и договорот постигнат со Еритреја со кој се стави крај на 20-годишниот конфликт меѓу двете држави.

„Нема ние и тие, туку само ние затоа што сите сме поврзани со заедничката судбина на љубовта, простувањето и помирувањето“, рече премиерот на Етиопија.

Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек на девет милиони круни (околу милион евра). Паричниот износ на наградата се дели ако има повеќе лауреати во една дисциплина.

Треба да знаете
Последни објави