Асоцијацијата за правата на децата и младинци со посебни потреби „Ластовица Скопје”, во соработка со ПОУ „Златан Сремец” го започна проектот „Инклузивен град – пристапни објекти за младите со аутистичен спектар на нарушување под покровителство на град Скопје, во спортскиот центар „Борис Трајковски”.
– Преку визуелна поддршка на овие лица во објектите, идејата е создавање на инклузивен град кој првенствено реагира на потребите на едни од најранливите граѓани, кои се соочуваат со низа бариери додека ги користат јавните места, услуги и информации. Целта на овој проект е создавање чувство на еднаквост преку достапни услуги и пристапни објекти за лицата со аутистичен спектар на нарушување на територија на град Скопје, соопшти СЦ „Борис Трајковски”.
Во рамки на акцијата, СЦ „Борис Трајковски” се опреми со визуелни материјали изработени за потребите на оваа категорија на лица, а и сите посетители кои ќе имаат потреба од ваков вид поддршка.