По повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права – 10 декември и Меѓународниот ден nа УНИЦЕФ за заштита на децата – 11 декември денеска ќе биде отворена хуманитарната ликовна изложба симболично насловена „5 минути до 12″.
Организатор на донаторската изложба е Центарот за помош, поддршка и застапување на притворени и осудени лица. Се работи за изложба и продажба на уметнички слики, донирани од македонски сликари.
– Паричните средства собрани од овој настан ќе ги употребиме за купување новогодишни подароци за деца чии родители се во притвор или на издржување казна затвор, но и за подобрување на условите во затворите, соопшти организаторот.