Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
„Денеска во Собранието пред пратениците е Законот за одбрана. Важен, системски закон со кој се обезбедува прилагодување на НАТО стандардите.
Законот за одбрана е последниот чекор во целосното прилагодување на законодавството со НАТО стандардите.
Оттука, ги повикуваме сите пратеници, од сите политички партии, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат овој Закон.
Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ на дело да покаже дека навистина е за членство во НАТО.
Пред граѓаните презедовме обврска да ја обезбедиме иднината преку членство во НАТО.
Ова е значаен чекор кон таа цел и затоа неодговорно е сега некој да тера дневна партиска политика.
НАТО е стратешка цел повеќе од 25 години и затоа да не дозволиме нашата домашна работа да остане недовршена заради лични и партиски калкулации.
Уште еднаш апелираме до сите пратеници без разлика на тоа од која партија доаѓаат да гласаат за Законот за одбрана.
На прав пат сме Република Северна Македонија – 30 земја членка на НАТО.“