Пејачката и актерка номинацијата за најдобра споредна актерка ја доби за филмот „Хастерс“.
Филмот за стриптизети што мамат богати клиенти неодамна беше прикажан во киносалите и енифер Лопез веднаш доби номинација.
Лопез е номинирана за најдобра споредна улога заедно со Кети Бејтс, Анет Бенинг, Лора Дерн и Марго Роби.
Улогата на Рамона на Џенифер ѝ ја донесе првата номинација за „Златен глобус“ по две децении. Првпат таа беше номинирана за улогата во биографскиот филм „Селена“, приказна за пејачка убиена од една обожавателка.