Хана Стивенс, вчера, северно од селото Бодедерн во Велс била на патот кон својот доктор, кога на небото забележала големо јато птици.
Околу еден час подоцна, кога се враќала дома, видела дека птиците лежат мртви на улицата. Му се јавила на нејзиниот партнер, Дејвид Едвардс и му кажала што се случило.
„Ми се јави на телефон и ми рече дека не може да поверува во она што го гледа. Да бидам искрен, ниту јас не поверував веднаш“, изјави Едвардс за „Скај њуз“.
Тој одлучил да појде на местото и самиот да увиди за што станува збор.
„Беше многу вознемирувачко. Мислам дека видов стотина мртви. Инстиктот ми говори дека се отруени, но не знам. Тешко е да се каже“, изјави Едвардс.
Двојката ја контактирала полицијата и Агенцијата за заштита на животните која веднаш почнала истрага.