Претседателот на Египет, Абдел Фатах ел-Сиси повикува на одлучна и колективна акција против земјите кои подржуваат тероризам.
Тој не ги именува земјите, но според некои медиуми ел-Сиси алудираше на Турција и на Катар, кои ја подржуваат организацијата Муслиманско братство, која е забранета во Египет.
Египет, Турција и Кипар ги поддржуваат спротивставените групи што дејствуваат во Либија.
– Би требало да постои одлучен одговор за земјите кои го подржуваат тероризмот и колективен одговор на тероризмот, бидејќи терористичките групи ќе можат да се борат само ако добијат финансиска, воена и морална поддршка, изјави ел-Сиси.
Тој обраќајќи се на дводневниот мировен форум во градот Асван во Египет, ел-Сиси укажа на потребата да се постигне одржлив развој во Африка, заедно со обидите за борба против милитантни групи во Египет и земјите од субсахарска област.
Египет со години се бори против бунтовниците предводени од Исламската држава, а судирите се интензивираа откако армијата го собори од власт во 2013 година претседателот Мухамед Морси, водечка фигура на Муслиманското братство.