Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го сподели своето очекување за натпреварот од 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите со Бриж во Белгија.
Французинот стравува за исходот од овој дуел и вели дека репутацијата на Реал во елитното натпреварување е загрозена.
- Идејата е секогаш иста – да се постигне добра игра и резултат. Тоа е сè што сакам. Не ми се допаѓа пријателска игра. Ова е натпревар во Лигата на шампионите каде нашата репутација е во опасност. Ние секогаш сакаме да играме добар фудбал. Тоа е поважно од крајниот резултат. Мора да одиграме на ниво со Бриж без оглед што резултатот нема посебно значење, истакна Зидан.
Во пресрет на последното коло Реал како второпласиран во А-групата избори плејоф во ЛШ.
Натпреварот Клуб Бриж – Реал Мадрид се игра вечер со почеток во 21 часот.