На 10.11.2019 околу 20.45 часот во двор од куќа во гостиварската населба Грудајца, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар пронашле чанта со околу 30 пакувања марихуана и кокаин.
Чантата во дворот ја фрлил С.И.(22) од Гостивар, откако ги забележал полициските службеници.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.