Независниот синдикат на поштенските работници на Србија соопшти дека денес над 200 вработени од Сомбор, Зрењанин и Нови Сад добиле суспензии, како и дека ниту најголемите репресии не ги поколебале вработените да се откажат од штрајкот. Во Поштата во Нови Сад, досега се суспендирани 122 вработени, што е околу 10 проценти од вкупниот број на вработени. Суспендирани се воглавно жени кои работат на шалтерите, а бидејќи утринава поштарите ги одбиле работните задачи се очекува утре сите да добијат решение за суспензија.
-Тоа е само почеток, а крајната бројка според некои шпекулации е дека се работи за повеќе илјади вработени. Ниту една закана и суспензија не смеат да нè поколебаат во нашата борба да го заработиме достоиснственото пристојно преживување, нагласија од синдикатот.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, во соопштението се наведува и дека утрово Марко Божиќ, вработен во Поштата во Краљево, ги исекол вените во знак на протест поради теророт кој се спроведува врз вработените за време на штрајкот.
Во тој синдикат велат дека се подготвени што е можно поскоро, со други организации на вработените да преземат мерки за „отпор на насилство”, кое, се спроведува во оваа компанија од страна на раководството предводена од Мира Петровиќ.
На социјалните медиуми денес се објавени снимки и фотографии на кои поштарите ја пеат песната на Бранко Кокица „Во светот постои едно царство” или држат фотографии со ликовите на пеачот Жељко Самарџиќ . Тие на тој начин реагираа на наводите изнесени изминативе денови на социјалните мрежи, за јавни личности што се фиктивно вработени во ЈП Пошта на Србија.
Меѓу јавните личности споменати во списокот на фиктивно вработените, покрај актерот Бранко Миличевиќ Коцкица се и музичарот Жељко Самарџиќ, Тијана Ајфон и пејачката Јами.
Штрајкот на вработените во Поштата на Србија започна на 2 декември. Тие ја отфрлија понудата на раководството за зголемување на платите за 10 проценти од следната година, барајќи притоа најголем пораст на платите да им се даде на вработените со најниски плати, и заработувачката да им се изедначи со државниот просек.
Со подршка на штрајкот на вработените денес се огласија повеќе опозициони партии, меѓу кои и Нова Странка (НС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Сојуз за Србија (СзС), кој ја повика Владата, премиерката Ана Брнабиќ и министерот на полицијата Небојша Стефановиќ, веднаш да престанат со „репресијата, заканите и застрашувањето” врз вработените во Пошта кои се во штрајк и со заканите дека до крајот на денот сите ќе добијат отказ доколку веднаш не почнат со работа.”