Најмалку 70 војници се убиени при напад врз воен камп во Нигер, што е лоциран во близина на границата со Мали.
Нападот се случи во селото Инатес, во време кога групи џихадисти поврзани со Исламска држава и Ал Каеда се обидуваат да ја зацврстат својата позиција во Нигер.
Се уште никој не презел одговорност за нападот, но се претпоставува дека е изведен од џихадистите.
Претседателот на Нигер, Махамаду Исуфу на Твитер објави дека ќе го прекине службеното патување поради ситуацијата на границата помеѓу Нигер и Мали.