Потребно е да останеме будни и да продолжиме со реформите за да придонесеме за владеење на правото, континуирано да проверуваме што сме направиле и да ги идентификуваме приоритетите за во иднина и да имаме демократски назор над разузнавачките служби, истакна холандскиот амбасадор во земјава Дирек Јан Коп во име на групата на програмски донатори кои го финансираат проектот за реформи во безбедносниот сектор од ДЦАФ – Швајцарија, Шведска, Велика Британија и Холандија, упатувајќи честитки за досега преземените чекори и за постигнатите резултати.
Според него, важно е реформите во разузнавачкиот сектор што се имплементирани во последните две години, понатаму да го промовираат владеењето на правото во државата, но уште поважно е овие реформи да ја вратат јавната доверба во функционирањето на инситуциите на видлив начин..
Во однос на демократскиот надзор врз разузнавачкиот сектор, амбасадорот Јан Коп, нагласи дека тој осигурува сите „да играат според правилата” и полето за игра да биде фер и поважно граѓаните, а не политичарите, да го имаат последниот збор.
– Потребно е прво надзорните активности на Парламентот да се редовни и ефикасни, а тоа бара зајакнување на капацитетие на сите три разузнувачки комисии во Собранието, вклучувајќи го и нивниот персонал за поддршка. Дел од ефективниот надзор вклучува и воспоставување „Глува соба” и надзор над работата на ОТА. Уште поважен е Граѓанскиот совет за надзор над ОТА, да добие финансии и ресурси за во целост да стане функционален да се усвојат законодавните промени. Да постои уште поголема будност во судскиот сектор и да се прошири кај сите судски практичари, рече меѓу другото амбасадорот Јан Коп.
Осврнувајќи се на направените реформи од 2018 година, тој истакна дека е постигнат голем напредок, имплементирани се важни реформи во безбедносно- разузнавачкиот сектор и сите заслужуваат пофалба, вклучувајќи ја и опозицијата бидејќи покажа конструктивност.
Претседателот на Собранието Талат Џафери кој се обрати на конференцијата информира дека се подготвува „Глува соба” во рамки на законодавниот дом за што се одвоени финансии во Буџетот, а се предвидува дека во 2020 година собата да биде функционална.
– Реформите не се лесни, ниту се омилени, меѓутоа, не смееме да застанеме, рече Џафери.
Тој додаде дека реформите не подразбираат само носење закони, туку и надзор врз нивната импелемнтација и изрази уверување дека идните предизвици ќе бидат реално согледување на ефектите од нивната имплементација.
Во Собранието досега се донесени четири закони во однос на разузнавачко-безбедносниот сектор односно законите за следење на комуникациите, за ОТА, за Агенцијата за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во нашата држава.
Според Томас Грубер, амбасадор и директор на ДЦАФ, направените реформи се на високо ниво, потенцирајќи дека земјава е на почетокот на она што се нарекува тешка, сложена и патека полна со вијуги.
– Усвојувањето ново законодавство и со креирање отчетна и надзорна служба досега е за пофалба, меѓутоа тоа е камен темелникот на систем што подоцна ќе следи, ќе биде сложен, ќе мора да се применуваат нови закони, кои ќе бидат ефективни во пракса. Тоа ќе биде долгорочен и напроен процес, како во секоја друга земја, рече меѓу другото Грубер.
Џулијан Васало, заменик шеф на ЕУ делегацијата, потсети дека потребата од реформи во овој сектор дојде како резултат како систематска злоупотреба на може концентрирана во една институција, а беше и сериозен неуспеј на механизмите за надзор.
– Очекуваме дека нелегалната и злоупотребувачка употреба на опремата за прислушување конечно заврши во оваа држава. Многу е постиганто во оваа тешка областа досега, меѓутоа ќе бидат поребни уште нови чекори во реформите во безбедносно разузнавачкиот чекор, рече тој.
Маргарита Цаца Николовска, претседател на Советот за граѓански надзор истакна дека треба да се престане да се размислува во насока дека граѓанскиот сектор е конкуренција на институциите во државата. Напротив, тие институции, рече таа, се институции кои ја вршат својата функција и не се над граѓанскиот сектор, како што и граѓанскиот сектор ја врши својата функција и не е над државните институции .
За Граѓанскиот совет за надзор односно за контрола, обезбедени се околу девет милиони денари од Буџетот на државата, меѓутоа не е прецизирано како тие средства ќе се префрлат до советот и затоа има проблеми.
– Нема политичка волја ова прашање да се разреши. Досега Советот постапувал и работел. Донесен е деловник за работа и правилник за поделба на средствата, иако немаме средства, рече Цаца Николовска.