Американската морнарица соопшти дека ја суспендирала летачката обука за 175 саудиски кадети во свои три бази на Флорида.
Одлуката е донесена по инцидентот во кој еден саудиски питомец за пилот убие тројца свои колеги во базата во Пенсакола.
Командантот на морнарицата адмирал Клеј Дос изјави дека часовите со обука продолжуваат и дека ќе продолжи и летачката обука за другите кадети. Тој, меѓутоа, не сакаше да наведе колку време ќе трае суспензијата на обуката на саудиските кадети.
Саудискиот кадет минатиот петок отвори оган во училница и уби тројца колеги, а осуммина други рани, пред да биде убиен.