– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе потпише законот за одбрана, за кој се предвидени 738 милијарди долари наменети за сите политики од семеен одмор до воени авиони.
– Сите наши приоритети влегоа во НДДА: Зголемување на платите на нашите војници, изградба на нашата армија, граничната безбедност и вселенските сили, напиша Трамп на Твитер.
Тој додаде дека Конгресот не треба повеќе да го одлага законот и веднаш да го потпише.
За законот да стапи во сила двата дома на Конгресот треба да го изгласаат, но демократите претходно најавија дека ќе гласаат против НДДА (законот за одбрана).