Грант од околу 663.000 евра ќе ѝ додели Владата на Јапонија на Националната опера и балет за проектот за подобрување на музичките инструменти и опремата за озвучување и осветлување во институцијата.
Во присуство на јапонската амбасадорка Кеико Ханеда, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за култура Хусни Исмаили, договорот за грантот денеска во НОБ ќе го потпишат Џиро Такеичи, извршен директор на Јапонската агенција за меѓународна соработка „ЏАЈКА Балкан” и Васо Ристов, директор на Националната опера и балет.