„Ми недостига чекорењето по модната писта во шоуто на Victoria’s Secret, кое е откажано. Добро се забавувавме“, рече Алесандра. Други модели во шоуто беа и Адријана Лима, Бела Хадид и Кендал Џенер. „За нас, тоа беше како почеток на Божиќ затоа што шоуто се одржуваше непосредно пред празникот,“ рече убавицата.
„Кога шоуто се емитуваше на ТВ, порано ги собирав сите мои пријатели и правевме забава во пижами. Секогаш беше забавно и многу божиќно, па сигурно ќе ми недостасува тоа “.
Во вторникот таа беше во Бразил каде што ја отвори првата продавница на нејзиниот бренд за костими за капење и бикини ГАЛ Флорипа.
Претходно, Амбросио ја искористи својата фотографија за насловната страна на декемврискиот Harper’s Bazaar Arabia за да сподели порака за глобалното затоплување и загадувањето во океаните
Таа отпатува во Арабија, едно од нејзините омилени места, за фотосесија во топлите води околу островот Заја Нураји во Абу Даби.
„Во мојата кариера посетив многу места и поминав многу време во нуркање на оддалечени места низ светот“, изјави таа за списанието. „Сакав да ја откријам убавината на подводниот живот – тој е таков магичен свет и ние сме тие што треба да го сочуваат,“ рече таа.
„Растејќи во Бразил јас отсекогаш го сакав океанот. Кога пораснав, сакав да бидам морски биолог. Поминував многу време со семејството на плажа.“
Црнокосата убавица минатото лето се придружи на иницијативата на ООН (TOGETHERBAND), глобално движење посветено на постигнување на 17 цели – од борба против сиромаштијата и гладот до градење одржливи градови и зачувување на животот под водата.
Мајката на Ања (11) и Ноа (седум), додаде: „Наскоро нашите деца ќе пливаат во море од пластика. Тие нема да уживаат во она што ние го направивме. Ова е пораката што се обидувам да ја кажам.“