Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.И.(34) од селото Непроштено, Тетовско, поради постоење основи на кривично дело узурпација на недвижности.
Од МВР информираат дека пријавениот, во неутврден временски период, во својство на инвеститор во селото Непроштено, на катастарска парцела во државна сопственост поставил монтажна барака со метална конструкција.
Како што додаваат од полицијата, поставувањето било извршено без соодветна документација издадена од надлежен орган.