Екипата на Еурофарм Работник од Битола вечера доживеа висок пораз на гостувањето кај Веспрем со резултат 35:24 во 9.коло од СЕХА лигата.
На овој начин унгарскиот тим во целост им се реваншира на битолчани за поразот (24:26) во октомоври.
Најефикасни во домашниот тим беа Драган Гајиќ и Андреас Оливер Нилсон со по пет погодоци. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше стрелец на четири гола.
Кај Еурофарм се истакна Михаил Петровски со четири гола.
На табелата во Б-групата Веспрем е лидер со 21 бод, Мешков Брест е втор со 18, ППД Загреб има 15, Еурофарм и Металопластика имаат по 9, последен е Спартак Москва со само 3 бода.