Новинарот Бранко Героски на својот Фејсбук профил објави коментар за најновите „бомби“ објавени денеска на Ју Тјуб, а во кои како и во тие од пред неколку дена се слуша глас, кој личи на бизнисменот Орце Камчев. Во еден од објавените разговори се спомнува и Героски, кој наводно, сите „ќе ги пука“.
„Tочно е, сите ќе ги „пукам“, ама „бомби“ ниту сум „пукал“, ниту ќе „пукам“! Не знам на што точно мислел бизнисменот Орце Камчев, кој во најновите снимки вели „Геро ќе ги пука сега“ и „Геро ќе биде“.
Ако се мисли на жестоко критикување на власта, но и на другите (на сите, практично), како што е познато, јас и досега жестоко ги „пукам сите“ и допрва ќе ги „пукам“. Јас ја отворив аферата „Рекет“, јас ја критикував и претходната власт за криминалите и корупцијата, а ја критикувам и сегашната власт за истите зла, оти не гледам причина зошто би требало да биде поинаку. Во таа смисла, да, Геро беше и Геро ќе биде тој што нема да отстапи, пишува Героски.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=148516399888806&id=113048340102279&__xts__%5B0%5D=68.ARD29PyhhiHsMha22GeIme3nYOKF6cYpmJQBThIrTA0-Ys6_xGXymEtiVMd14fKVMTfcuffu5bc_tzdGq_ZK8wmHjdtMb5Y3_q0BpxnjMDpKZLTCVlFtjPR1KbiRPDszxUFHd2CMS60DFF1dum2d0CacSu5__cvk6mQ4eQ3H5cEbqmkAXWkOdWuOLvLXmJ6SvoCx0SYJPncAbQU7zaEpddKqFD6hz93FoauyuzZKnP2BL3S5XFY7TdQlF1WKikwaZs9xQ8WtPb1eTMtjkTm9MJ48B4p77R1XTvbTXilBeUTHHQvz27CHcbzwS_6aLF82_axUy-TZ8ldAhn8oJzQ&__tn__=-R
Ако, пак, Камчев мислел дека Геро ќе објавува нелегално снимени разговори, односно „бомби“, можам да го кажам она што сите го знаат – јас со такви работи не се занимавам, бидејќи знам дека тоа е прекршување на Кривичниот законик, без оглед кој и како го толкува јавниот интерес. Па така, „бомби“ ниту сум „пукал“ ниту ќе „пукам“, вели Героски.