Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека обидите за искривување на историските вистини не престанале, и кон нив се приклучиле не само наследниците на нацистичките соучесници, туку и некои реномирани меѓународни институции и европски структури.
Како пример, Путин ја наведе недамнешната резолуција на Европскиот парламент која, како што рече, ги става нацистичките агресори и Советскиот сојуз на исто ниво, пренесува „ТАСС“.
„Оние кои се обидуваат да се спротивстават на ваквата неоснована лага се обвинети за информативна војна против демократска Европа. Тоа е цитат“, рече Путин на состанокот по повод одбележувањето на 75-годишнината од победата во Втората светска војна.
Пред два и пол месеци, Европскиот парламент усвои резолуција во која се наведува дека договорот за ненапаѓање меѓу нацистичка Германија и СССР „го отворил патот за избувнување на Втората светска војна“.