(ФОТО): Пејачот непрепознатлив: Панки со бела коса и бела долга брада

Македонскиот пејач, дел од дуото Куку Леле Сашо Каимовски- Панки деновиве е во фокусот на јавноста бидејќи беше пуштен од притвор во Грција.

На социјалните мрежи прв ја објави веста неговиот пријател Горѓи Галетановски, директорот на Зоолошката градина во Скопје.

 

Во медиумите веднаш излезе веста дека пејачот кој беше уапсен во март годинава повеќе не е зад решетки.

Како што може да се види и од фотографијата Панки е видно ослабен. Тој решил да го промени имиџот и сега има долга седа брада и седа коса.

Иако веќе медиумите на големо пишуваат за неговото враќање сепак Панки се уште не се огласил по враќањето од Грција.

Имено Сашо Каимовски или во јавноста познат како Панки беше уапсен на граничниот премин Евзони при обид за влез во Грција. Како што тогаш беше објавено наводно пејачот бил уапсен поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во мрежа која крадела податоци од банкомати.

Панки беше осомничен дека во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура и тој заедно со уште две лица со украдените податоци правеле картички – клонови и подигале пари во различни земји, предизвикувајќи штета од над 1.3 милиони евра, од кои над 200 илјади само во Германија. Мрежата била активна и во Македонија, Грција, Италија, Франција и Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави