Тренерот на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, во пресрет на вечерашниот (18 ч.) дуел од регионалната АБА 2 лигата со Ловќен во Цетиње, фаворитската улога му ја препушта на црногорскиот тим.
– Против себе ќе имаме квалитетна екипа, која е посебно опасна на домашен терен и која има искусни играчи на сите позиции. Фактот што Ловќен игра пред своите навивачи го прави овој тим фаворит на оваа пресметка. Но, ги знаеме нивните силни и слаби страни и подготвени сме да дадеме максимум за да стигнеме до нова победа во регионалното натпреаврување. Очекувам индивидуална одговорност од моите играчи, порачува Кочов тренерот на скопјани.
МЗТ Скопје со скор од осум победи и два порази се наоѓа на втората позиција на табелата, а Ловќен е во долниот дел со четири победи и шест порази.



