Блескава ноќ на Дончиќ во Мексико Сити

Далас Маверикс како гостин го победи Детроит (122:111) во натпревар од кошаркарската НБА-лига одигран во Мексико Сити, а младиот Словенец, Лука Дончиќ, го одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера и постави низа рекорди во најсилната лига. Дваесетгодишниот Дончиќ мечот го заврши со 41 поен, 12 скокови и 11 асистенции и стана првиот кошаркар од НБА  кој има остварено трипл-дабл достигнување надвор од САД и Канада.

За Дончиќ ова е седмо вакво остварување на еден натпревар сезонава со што стана рекордер меѓу играчите кои сеуште немаат полни 22 години. Дончиќ ги мина Леброн Џејмс и Мајкл Џордан кој пред да наполнат 22 години имаа по шест трипл-дабл достигнувања.

https://youtu.be/JOorIXzIJbY

Треба да знаете
Последни објави