Колемишевски: Над 3 милиони евра кај граѓаните само преку мерката Мој ДДВ

Политиките и мерките на СДСМ кои се насочени кон враќање на парите назад кај граѓаните ги даваат своите резултати.

Во таа насока е и мерката МојДДВ, преку која 15% од данокот кој го плаќаат граѓаните, се враќа назад, во нивниот буџет.

Исплатата на првите парични средства од мерката Мој ДДВ е во тек.

186 милиони денари или изразено во евра околу 3 милиони евра, се враќаат назад на сметките на граѓаните преку МојДДВ.

Ова се средства кои граѓаните ги добиваат за третиот квартал, односно за месеците јули, август и септември 2019 година.

За овој период, скенирани се над  22 милиони фискални сметки, со вкупен промет од околу 11 милијарди  денари, а  пресметан вкупен ДДВ во износ од околу 1 милијарда  денари.

Успешноста на мерката МојДДВ, се гледа и во тоа што граѓаните не само што добиваат денар плус на својата сметка, туку тие се и даночни инспектори и дирекно помагаат  во сузбивање на сивата економија.

Мерката МојДДВ е еден од начините преку кој државата покажува вистинска грижа за граѓаните и се повеќе пари завршуваат во нивниот семеен буџет.

Ги повикуваме граѓаните помасовно да се вклучат во овој проект со што ќе помогнат во борбата со сивата економија, а во исто време ќе добиваат поврат на средства назад.

Се грижиме за сите.

На прав пат сме.

Треба да знаете
Последни објави