Уапсени терористи на Исламска држава кои подготвувале напади во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) разоткрила и уапсила група терористи кои планирале да изведат терористички напади во Москва, пренесува „Спутник“.

Станува збор за припадници на терористичката Исламска држава, меѓу кои двајца се државјани на Руската Федерација, а тројца се од земјите во Централна Азија.

При претресот биле пронајдени средства за комуникација со инструкции, како и тајно засолниште во кое имало автоматски пушки „калашњиков“, пиштоли, муниција, како и импровизирани експлозивни направи.

Против нив е покренато обвинение за организација на терористички напади, а се спроведува и истрага дали има уште вмешани луѓе.

ФСБ потсетува дека директорот на службата, Александар Бортников, неодамна изјави дека руските безбедносни служби од почетокот на годинава разоткриле 78 ќелии на меѓународни терористички групации како и дека се пресечени сите нивни активности на територијата на Руската Федерација.

Треба да знаете
Последни објави