Италјанската фудбалска серија во Наполи за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, според тамошните медиуми може да заврши во зимскиот преоден рок. Елмас кој пристигна летоска од турскиот Фенербахче и добиваше шанса да настапува во тимот од сега веќе поранешниот трофеен тренер Карло Анчелоти, според италјанските медиуми не бил посакуван од новиот тренер Џенаро Гатузо. Новиот стартег на Наполи од управата побарал да му го обезбедат Лукас Тореира од Арсенал.
Доколку Наполи успее го ангажира Тореира во јануарскиот преоден рок, тоа според тамошните медиуми ќе занчи сигурно заминување на Елмас од екипата.
Со оваа тема се занимава и турскиот „Фанатик“, кој ја најавува разделбата на дваесетгодишниот Елмас со Наполи по само една полусезона, но напоменува дека македонскиот талент брзо ќе пронајде нов клуб.