Јавно приватно партнерство како најдобар модел ќе се користи за општинските секундарни мрежи со цел домаќинствата да имаат најниска можна цена за добивање на гас, порача директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи. Тој денеска од тетовско Фалише каде се вршеше увид на градбата на гасоводната линија истакна дека поради високите трошоци не можат сите општини да формират јавни претријатија за секундарна гасодовна мрежа.
-Како најдобар модел јавно приватно партнертво (ЈПП) се заснова врз физибилити стдуија во 2014 година. Малите општини нема да формираат јавни претријатија, бидејќи тарифите за дистрибуција се засновани на трошокот за инвестиција, одржување, билинг систем, диспечерски центар што се огромни трошоци. Не е исто ако опслужите 1.000 корисници и 100.000 корисници, а исти се трошоците, рече Реџепи.
Тој посочи дека била направена симулација, како да се определи моделот за дистрибуција во работна група во Владата.
-Цената за приклучок на пример ќе биде со ЈПП 100 евра наместо сегашниве 800 евра што ги плаќаат во Куманово и Струмица. Цената за кубен метар гас ќе биде далеку поевтина во случај да има еден оператор, отколку ако бидат повеќе оператори со различни тарифи. Затоа што ако Регулаторна комисија ги пресметува тарифите, ги пресметува врз основа на трошокот за инвестирање и одржување и во таков случај тој трошок ќе биде многу голем, а тоа го плаќаат граѓаните. Во Франција, држава со 60 милиони жители, има само еден оператор Газ Де Франс. И реално кога во Франција не може да функционира на ниво на општини уште поневозможно е во сите другите држави ако ги гледаме финансиските капацитети. Во општина Тетово пример целата инвестиција ќе биде околу 15 милиони евра и тоа бара многу пари и ресурси за градење и одржување, истакна Реџепи.
Изградбата на интерконектор со Грција, посочи, е уште една насока во добивање дополнителен извор за снбадување со гас, а со тоа и намалување на цената за користење.
-Ние ќе имаме друг извор за снабдување и тоа ќе влијае врз крајната цена кај потрошувачите. Кога еден снабдувач купува една милијардна кубни метри гас не ма дабиде иста со еден снабдувач што ќе купи 10 милиони кубни метри, потенцира Реџепи.
Министерот за економија Крешник Бектеши, кој присуствиваше на увидот, посочи дека е геополитички важно за земјава да има два извора на гас
– Интерконекторот со Грција кој нашата држава ја поврза со ТАНАП и ТАП во јужниот дел е важен и геополитичи, имајќи во предвид дека сега имаме само еден крак или само еден конектор, рече Бектеши.