Холандија и Шпанија ќе бијат битка за прво злато на мундијалите

Во финалето на женското Светско првенство во ракомет кое се одржува во Јапонија, в недела (15 декември) во Кумамото ќе играат Шпанија и Холандија (12.30 часот по македонско време), а за третото место Русија и Норвешка (09.30).

Ова е епилот по денешните полуфинални натпревари во кои Холандија минимално (33:32) ја совлада Русија, а Шпанија беше подобра од Норвешка (28:22). 

Холанѓанките по вторпат во својата историја ќе се борат за златниот медал, претходно во 2015. година во финалето загубија од Норвешка (31:23), а пред две години се закитија со бронзен медал во Хамбург.
Шпанските ракометарки за првпат ќе играат финале на Мундијалите, а имаат освоено бронзен медал во 2011 година кога со 24:18 ја совладаа Данска.

 

Треба да знаете
Последни објави