Барселона се враќа само со бод од гостувањето кај Реал Сосиедад. Домаќинот поведе од пенал, потоа гостите го свртеа резултатот во своја корист со погодоците на Гризман и Суарез, за Исак да изедначи на 2-2.
Но резултатот можеше да биде поинаков откако во завршните мигови од мечот и еден од последните напади на натпреварот, Жерард Пике беше соборен во противничкиот шеснаесетник. Сепак, судијата само одмавна со рацете а не се огласи ниту ВАР.
Ваквиот развој на настаните ги разгневи „каталонците“ кои жестоко протестираат и сметаат дека се оштетени.
На нивна страна се дури и весниците од Мадрид, АС и Марка во своите анализи и во разговорите со експертите посочуваат дека морало да има пенал за стартот над Пике, особено поради критериумот кој го наметнал судијата и досудената најстрога казна во корист на Реал Сосиедад во првото полувреме.
https://streamable.com/notbp