Вработените во администрацијата на ЈП Комунална хигиена- Скопје денеска се приклучија кон големата акција за чистење „Администрацијата чисти” организирана од Владата на РСМ, со цел подигнување на јавната свест за одржувањето здрава и чиста животна околина, во којашто учествуваат сите државни институции. Екипите од оперативата на ЈП Комунална хигиена- Скопје се задолжени за подигнување и транспорт на насобраниот отпад од дваесетте локации во градот Скопје, каде што се одвива акцијата. Од механизацијата на терен се употребуваат пет специјални комунални возила-патарки, три специјални комунални возила-кипери и еден втоварувач.