Илјадници риби со необичен облик преплавија плажа во Калифорнија

Низата зимски бури што ја зафатија Калифорнија предизвикаа плажата северно од Сан Франциско да биде преплавена со необични суштества. Тие многу личат на машкиот полов орган и затоа добиле прекар пенис-риби.
Според списанието Bay Nature, овие суштества се всушност морски црви. Најмногу се наоѓаат под песокот и далеку од плажите, но неодамнешните бури ги извадија на површина.

Како што се гледа на фотографиите, изложени на плажа, пенис-рибите се лесен плен за птиците.

Инаку, овие суштества се деликатес во Јужна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави