Вработените во Министерството за здравство денеска се приклучија на акцијата – Администрацијата чисти со граѓанската организација „Не биди ѓубре“.
Министерот за здравство, Венко Филипче и вработените во Министерството, акцијата ја спроведоа во општина Гази Баба, на улица Индустриска.
„Пораката која денеска ја испраќаме е во секој момент, секој од нас да внимава што остава зад себе. Целиме кон Европа и време е така секој од нас да размислува. Да се потрудиме градот да биде чист секогаш и секој ден, да не е ова само акција која ќе трае денес, а утре ќе се заборави. Секое ѓубре треба да биде фрлено во отпад, а не на улица. Повикуваме на грижа за околината во која живееме“, истакна министерот Филипче.